Пчелите и нивните роднини; организација во општествена група

Пред милиони години родот оси се поделил. Оние кој имале претежно вегетаријанска исхрана се развиле во пчели, оние кои зивееле под земја ги изгубиле своите крила и настанале мравките. Многу од нив ја употребиле заедницата како подобар услов за опстанок. Од прости заедници водени од инстинкт до сложени поткрепени со уникатно дизајнирани членови даваат фасцинантна слика за идеално организирано друштво.

Мрави-садови за чување на нектар

Десетина или стотина, а често и преку 10 000 инсекти формираат сложена општествена структура, поткрепена со прецизна ДНК контрола врз произвотство на тие членови на таквото општество
(пример, улиште со пчели или мравјалник)

Вентилациони кули на подземно живеалиште на термити

Термитите се познати одгледувачи на печурки. Нивните членови се војници кои го чуваат гнездото, собирачи кои внесуваат дрвенеста материја, одгледувачи кои растат мицелиум како извор на протеин и негувателки на легло и матица. Физиолошки прилагодени за идеално да ги извршуваат задачите

Ваквото здружување кај овие инсекти постигнало висок развој до степен да неговите членови бидат физички различни според функцијата која ја имаат во заедницата.

Развиле карактеристики кои ги издвојуваат од другите инсекти и им помагаат да се организираат во општествени групи.

Разговор.

Покрај добро познатата хемиска комуникација преку сетилата за мирис се развила и секундарна комуникација со цел информација да биде пренесена.
Пчелите користат визелно акустичен говор, со кој пренесуваат информација за каде, во која насока и колку далеку, има нешто од нивни интерес. Тоа е танц во облик на знакот за бесконечно и зуење со крилата , познат како пчелин танц (или „Waggle dance“).

Матицата кај пчелите пред роење , акустично ги повикува младите пчели во горнит дел од кошницата. подготовка за роење.

Повик на млади матици