Медот како лек

Од стари времина кај народите на Балканот медот бил еден од најважните лекови.

Од тој период потекнува овој рецепт за лечење астма. Се зема една голема лубеница, на врвот и се прави отвор и низ него во лубеницата се истура толку ливадски мед колку што собира во неа. После тоа отворот се запечатува и лубеницата се закопува во земја на околу половина метар длабочина. После пет дена се вади лубеницата и од неа се исцедува целиот сок. Сокот се пие пред појадок по половина чаша и после вечера по една цела чаша.

Од тоа време е рецептот за т.н. ајдучки мелем за рани, кој се наоѓа запишан во старите ракописи. Како што кажува и самото име, мелемот го користеле ајдуците бидејќи е ефикасен за лечење рани од огнено оружје и барут.

Се меша 250м грама мед и 50 грама свинска маст која претходно се испирасо повеќе вода. Мелемот се чува во стаклена тегла на ладно и темно место. Раната најпрво (и после секоепокривање со завој) се измива со чисто вино и се суши, а потоа се премачкува со мелемот. Преку мелемот се става чиста ленена крпа или газа. Ова се повторува два пати во текот на денот.

Против кашлица 400 грама шеќер се пече до “карамела” се додава 1/3 од литар вода и 100грама бел слез (кој се раствора 45 минути во млака вода ). Потота течноста се цеди и се меша со една тегла мед. Растворот се пие наутро и навечер.