Зошто медот никогаш не се расипува

Археолозите при ископувањата на древните египетски гробници често наидувале на нешто сосема неочекувано, помеѓу другите артефакти: ќупови со мед, стар илјадници години кој се уште е добар за да се јаде. Така археолозите ни открија еден фасцинантен факт за медот – дека тој е единствената храна која никогаш не се расипува. На кои својства се должи оваа долговечност на медот?

Првото својство е самиот хемиски состав на медот. Медот  е, во најголем дел, составен од – шеќери. Шеќерите се хидроскопични, што значи дека содржат многу малку вода во нивната природна состојба. Така и медот во својата природна состојба има многу мала влажност.

Многу мал е бројот на бактерии и микроорганизми кои можат да преживеат во таква средина без влажност, каков што е медот. Ова е една од главните карактеристики кои придонесуваат за долговечноста на медот: за медот да се расипе, потребно е да има нешто внатре во него што може да допринесе за тоа, бидејќи во таква средина без влажност како што е медот организмите не можат да преживеат доволно долго за да дојде до негово расипување.

Медот, исто така, природно е ектремно кисела средина. Има PH вредност помеѓу 3 и 4,5 п, а таквата кисела средина убива се што сака да порасне внатре. Оттаму, бактериите и другите организми кои се причинители на расипувањето на храната не можат да преживеат во медот, зошто едноставно животните услови во медот за нив се премногу сурови.

Медот не е единствена храна со вакви одлики, меѓутоа, додека другите видови храна со слични својства се подложни на расипување, тоа не е случај и со медот. Зошто е тоа така?

Медот е специфичен и тоа најмногу благодарејќи на фактот што е природна храна во целост направена од пчелите. Пчелите се оние кои го прават медот суперхрана. Нектарот, првиот материјал кој пчелите го собираат за да го направат медот, во природна состојба има голема влажност. Но во процесот на создавање на медот, пчелите имаат голема улога во отстранувањето на најголемиот дел од таа влажност со тоа што мавтаат со крилцата за буквално да го исушат нектарот. Уште повеќе, хемискиот состав на стомакот на пчелата исто така игра голема улога во отпорноста на медот. Пчелите имаат еден ензим во нивниот стомак наречен глукоза оксидаза (GOx). Овој ензим се меша со нектарот, раздвојувајќи го на два продукти: глуконска киселина и водород пероксид. Водород  пероксидот го заштитува медот понатаму од расипување и спречува во него да се населат бактерии и други непожелни организми.

Заради овие причини медот со векови се користи за лекување на рани и изгореници. Бидејќи е толку густ, медот ги отфрла од себе бактериите и штетните организми, а водород пероксидот создава совршена бариера против инфекциите на раните. Најраниот откриен доказ за таквата употреба на медот ни доаѓа од сумерски глинени таблички во кои било забележано дека медот бил доста често користен како лек. Старите египќани редовно користеле мед при лекувањето, медот често бил користен за да се покријат раните или изгорениците бидејќи заради неговата густина бил користен како природен завој односно антибактериска облога.

Pot of honey and wooden stick are on a table.

Покрај влажноста и водород пероксидот, важен и последен предуслов за медот да не се расипе е тој да биде добро запечатен во некаков сад за чување. Тоа е последниот фактор кој го одржал нерасипан оној стар египетски мед кој го пронашле археолозите. Додека навистина медот е суперхрана, тој, нормално, не е и неуништив, така што доколку го оставите незапечатен и во влажна околина тој секако ќе се расипе. Но доколку тој е добро запечатен, како што се покажа, медот може да остане нерасипан и се уште лековит и после илјада години.