Комбинацијата од мед и цимет уште од антички времиња се сметала за еликсир на здравјето и бесмртноста. Старите народи верувале дека таа може да направи да прогледаат слепите, па дури и да оживеат мртвите. На Исток медот со цимет традиционално се користи за лечење на речиси сите болести и психички тегоби.
Научните истражување покажаа дека комбинацијата на мед и цимет има навистина фантастични лековити својства како регенерација на организмот, подигнување на отпорноста на организмот и дека воопшто, медот и циметот употребени како лек имаат благотворно дејство на целото тело.
Сите знаеме дека здравствените предности на медот не е можно да се добројат, но еве еден едноставен рецепт за подобар имунитет.
Потребни состојки:
- 1 лажица мед
- 1/2 лажичка цимет во прав
- 1 чаша топла вода
Постапка:
- Во чаша, измешајте го медот и циметот во прав, додека не се измешаат добро.
- Додадете ја топлата вода во чашата и мешајте додека медот и циметот не се растворат потполно.
- Пијте ја мешавината додека е топла.
Оваа мешавина од мед и цимет е природен лек кој се користи векови за лекување на разни здравствени проблеми. Медот содржи антиоксиданти и има антибактериски својства, додека циметот има антиинфламаторни својства и може да помогне при регулирање на нивоата на шеќер во крвта. Заедно, овие состојки можат да обезбедат многу здравствени предности.
За јакнење на имунитетот
Медот и циметот употребени во комбинација, со редовна употреба го јакнат имунитетот и успешно го штитат организмот од вируси и бактерии.
За варење на храната
Употребата на медот ги јакне белите крвни зрнца во борба против секоја болест, а циметот во комбинација со мед го подобрува варењето. За тоа е потребно пред јадење да се земат двелажици мед со цимет со шпо се олеснува варењето и на најтешките оброци.
За долговечност
Хунзите се народ кој добро ја познавале лековитоста на циметот и медот. Тие секојдневно уживаат во чај од цимет и мед, а нивната долговеќности виталност се должи токму на оваа комбинација. Според научниците таа го успореува процесот на стареење, го продолжува животниот век, а кожата ја прави свежа, нежна и еластична. Рецептот за ова гласи вака: една лажица цимет и четири лажици мед се варат во една чаша вода. Оваа течност се дели на четири дела и се пие во текот на денот (4 пати дневно).
Рак на коските и на стомакот
Некои истражувања потврдија дека со мешавината мед и цимет успешно се лечи рак на коските и на стомакот. За тоа е потребно секојдневно да се зема мешавината од една голема лажица мед и едно мало кафено лажиче цимет, еден месец, по три пати дневно.
Воспаление на зглобовите (артритис)
Наутро и навечер се зема по една чаша жешка вода во која добро е измешана една мала лажица цимет и две големи лажици мед. Долготрајната терапија може да доведе до лекување и на хроничниот артритис.
Против ќелавост
Во врело маслиново масло да се измеша голема лажица мед и една мала лажица цимет. Оваа смеса да се втрие во коренот на косата и да се остави даделува 15 минути. За неколку дена коренот на косата треба да зајакне и косата да престане да опаѓа.
Против забоболка
Најмалку три пати дневно на болниот заб да се нанесува мешавина од мед и цимет.
Против холестерол
Три мали лажици цимет и две големи лажици мед да се измешаат во 4 децилитри чај (најдобро е да се користи зелен чај). Да се пие три пати на ден.
Настинки
Редовната употребан на мед и цимет ја намалува опасноста за настинки и инфекција на бешиката. Во една голема лажица млак мед се меша една четвртина мала лажица цимет. Мешавината се зема три пати дневно во текот на три дена и настинката ќе исчезне. На овој начин успешно се чистат и синуси и се лечи хронична кашлица.
Инфекција на бешиката
Да се измешаат све големи лажици цимет и една мала лажица мед во 2dl млака вода и да се испијат. Оваа смеса ја прочистува бешиката и ги уништува бактериите.
Срце, нервоза и болки во стомакот
Мед и цимет за појадок. Доколку редовно за појадок се јаде леб намачкан со мешавина од еднакви делови цимет и мед тоа ќе има благотворно дејство на нервниот систем, стомачните болки, чир на желиднокот и гасови во стомакот.
Против замор
Една половина од голема лажица мед и една четвртина од мала лажица цимет да се изматат во 2dl вода. Да се пие наутро на празен стомак и попладне вотекот на седум дена. За тоа време на организмот ќе му се врати силата и виталноста.
Мозолчиња и инфекции на кожата
Докажано е дека медот и циметот можат да ја спречат појавата на лишаи, егземи, мозолчиња, акни и слични инфекции на кожата, доколку лицето редовно се третира со мешавина од еднакви делови мед и цимет.
Против акни да се измешаат три големи лажици мед и една мала лажица цимет. Да се нанесува на заболените места секоја вечер пред спиење.
За слабеење
Можеби звучи малку чудно, но медот и циметот можат да послужат и како средство за слабеење. Мешавина од еднакви делови мед и цимет сварена воедна чаша вода, не дозволува намаснотиите да се таложат во организмот. За тоа е потребно да се пие два пати дневни по една чаша од овој напиток, наутро половина час пред јадење и навечер половина час пред спиење.
Лош здив
Секое утро да се испере грлото со млака вода во која е измешана една лажица цимет и една лажица мед.
За подобрување на слухот
Секое утро и навечер, да се зема мешавина од еднакви делови мед и цимет.