Во минатите времиња се пчеларело на примитивен начин. Во многу од случаите пчеларот не бил запознаен со животот на пчелата. Познавал само практична техника со која може да се справи со пчелното друштво и да извади мед. Работите како промена на матица или умножување на пчеларникот биле оставани на самата природа и на инстиктот на пчелите. И во пролет, десетици нови роеви, го напуштаат пчеларникот во потрага по дом. Фаќањето на тие роеви било од суштинско значење, тоа го обновувало и ширело пчеларникот.
Кога пролетта ќе ги развие цветовите и почни цветање на медоносните треви и дрва (пример багремот кај нас) во кошницата се подполнува просторот со нектар. Матицата го успорува несењето и започнува роење. Абдоменот (задникот) на матицата се собира, и од тешко подвижна пчелка се добива силна летачка. Во кошницата се подготвува нејзината замена , а таа искачена на врвот на кошничката испушта звуци кои наликуваат на МАТ,МАТ,МААТ и ги регрутира младите пчели во ројот. Чест случај е ројот да има испратено извидници и да има одбрано ново живеалиште. Во тој случај веднаш по излегувањето за минутка се подигнува и заминува во далечината. Само лошото време го плаши. Невреме би ги разединило, би се изгубиле. И тука настапува пчеларот со тапан. Силните удари прават вибрации во воздухот. А ројот исплашен, мисли грмотевици, се фаќа на некое блиско дрво.
Во светот тропаа,а кај нас “маткаа“. Со разгмечување на рацете малку од билката матичњак (Melissa officinalis) и извикување мат,мат,маат,мат … пчеларот го намамувал ројот на своите раце.
Во денешно време ова се напуштени техники. Во современото пчеларење се подразбира редовна замена на матици и роењето е планско, а не природно. Дури и оние ретките кои не вршат планско роење користат вештачки миризби и фермони, лесно дастапни во земјодеските аптеки, и го намамуваат ројот.
напишал: А. Тренчески