Како и секој друг организам и пчелата има свои непријатели. Понекогаш тоа се други инсекти кои го напаѓаат улиштето или пак инсекти кои паразитираат на самите пчели, и нормално и разните бактериски и вирусни инфекции. Во понатамошниот текст ќе бидат обработени некои од најчестите.
Но да не заборавиме и податокот една од најсмртоносните “болести“ која ги убива пчелите е прекумерната употреба на инсектициди и пестициди.
Болести:
Паразити:
Америчка трулеж
Ова е бактериска болест на затвореното легло. Предизвикувач е бактеријата Bacilus Larvae. Кога нема поволни услови за развој, формира спори кој се многу отпорни и можат така да стојат и до неколку десетини години. Така нафатени на саќето кое било инфектирано, на пчеларскиот прибор, на медот и цветниот прав чекаат да извршат инфекција. Нивната отпорност е огромна, во вода загреана на 90ºC издржуваат до 2 сати, а при вриење на водата 15 минути. Кога се нафатени на чист восок издржуваат температура и од 120ºC за време од 20 минути. Ова ја прави оваа болест една од најопасните за пчелните друштва.
Инфекцијата се остварува со внесување на бактериата или нејзина спора, во цревото на ларвата (додека таа е сеуште отворена), со храната. Од цревото веднаш преминува во телото на ларвата и брзо се размножува. Кога пчелите ја запечатат ларвата, таа брзо угинува.
Како симтоми на болеста се појавува шарено легло т.е. на него се наоѓаат отворени и затворени келии. Поклопците се благо втиснати навнатре и често имаат дупче во средината. Под поклопецот угинатата ларва се распаѓа со темно кафена леплива и растеглива маса. Ако таквата ларва ја доприме со некое дрвце таа се тегни и до 50mm и има киселкаст мирис. Уште еден фактор што ја прави оваа болест многу опасна е нејзината растегливост, која ги спречува пчелите да ја исфрлат мртвата ларва надвор од кошницата. Затоа таа останува прилепена на дното и на ѕидовите на келијата каде што се суши и се претвора во спори. Оваа болест сама од себе неможе да престани !
Во заразената кошница, болеста, од келија до келија ја пренесуваат пчелите. Од заболена на здрава кошница ја пренесува самиот пчелар, со своето невнимание, како и со преместувањето на рамки од едно во друго друштво така и со пчеларскиот прибор, со прихраната на пчелите со заразен мед. Друг начин на пренос на болеста е и со појавата на грабеж. Заболеното друштво брзо слабее и станува мета на грабеж, и така се пренесува на јаките друштва. Нормално тука се и трутовите, кои слободно се движат во сите кошници и со тоа многу лесно ги распространуваат спорите на болеста. Така да од едно заболено друштво, болеста многу лесно може да се прошири по целиот пчеларник и по соседните пчеларници.
Бидејќи ова е најзаразната и најопасната болест на пчелите, веднаш штом се појави секој пчелар е обврзан да ги извести надлежните ветеринарски и земјоделски установи, кој под итно треба да превземат соодветни мерки за нејзино сузбивање.
Ако пчелното друштво е јако заболено, единствена мерка е да навечер (кога пчелите се прибрани) да се угуши со палење на сулфур во кошницата (постара метода) или како што во поново време се практикува да се отруе со некој спреј инсектицид (бубакил). Мртвите пчели и саќето со легло да се изгори во ископана јама, која после тоа ќе биде затрупана. Саќето кое нема легло може да се зачува од уништување доколку се претопи и се дезинфицира. Во овој дел треба посебно да се внимава зошто недезинфицираниот стопен восок, може да содржи спори на болеста па и после неговата повторна употреба или после продажбата болеста повторно да почни да се шири. Кошниците кој нема да бидат уништени мора добро да се дезинфицираат.
Кај јаките пчелни друштва каде што болеста е навреме забележана, можат да се лекуваат со успех. Лекувањето се состои со тоа што прво пчелите се префрлаат во дезинфицирана кошница, во која претходно се става неинфицирано саќе или пак нови сатни основи. Потоа на друштвото му се дава прихрана од 1 литар шеќерен сируп (1/1) во кој се додава растопен 0.5 грама сулфатиазол-натриум (1 таблета). Тоа се додава на друштвото во 4 наврати, во растојание од 2-3 дена. Може да се употреби и 1 грам геомицин во еден литар на шербет (1/1) кој се додава исто така во 4 наврати, во растојание од 2-3 дена.
За да се спречи ширењето на оваа опасна болест, која безмилосно може и при најмало невнимание да уништи пчеларници во еден цел регион, неопходна е сериозна дезинфекција. За дезинфекција на кошниците се користи плинска лет-ламба. Со пламенот добро се опалуваат внатрешните делови на кошниците и рамките од кои претходно се извади саќето. Исто добри резултати може да се постигнат и со 10% раствор на NaOH (жива сода) растворена во вода во кој се потопуваат кошниците и стојат 2-3 сати, потоа добро да се исперат неколку пати и да се истружат со четка. Пчеларскиот прибор треба да се зоврие во вода 30 минути, а алиштата и капата да се исперат со додаток на дезинфекциони детергенти.
Европска трулеж
Причинител на оваа болест најчесто е бактеријата Streptokokus pluton,но ретко може да се јават и други причинители и се работи за заразна болест на отвореното легло.
Од европската трулеж (позната и како кисела трулеж) оболуваат ларвите стари од 3 – 5 дена. Заболената ларва малку пожолтува и многу често предвреме се исправи во келијата на саќето. И кај ова трулеж мртвата ларва преминува во гнила маса со непријатен мирис кој потсетува на расипано сирење, но при извлекувањето не се растегнува. После засушувањето на мртвата ларва пчелите лесно ја исфрлаат надвор од кошницата. Ова ја прави битно полесна за лекување и најчесто ги заболува слабите друштва, се појавува во пролет, а со појачувањето на пчелната паша ја снемува. Ретко од ова болест можат да оболат и јаките друштва, се шири полека и ретки се случаите каде завзема голем замав и нагло го слабее пчелното друштво.
Болеста успешно се лекува со додавање на антибиотици (стрептомицин, геомицин, тераљмицин и др.) бидејќи тие делуваат на сите причинители на оваа болест. Се употребува по 1 грам антибиотик на 1 литар шербет (1/1). Вака припремениот лек им се дава на пчелите во повеќе наврати (4 до 5) на секој втор ден во помала количина (1/4 литар) со цел пчелите да не го складираат туку да го потрошат за своја исхрана и за исхрана на леглото. За време на давањето на лекот пчелното друштво треба да се соберат на онолку рамки колку што можат да прекријат со пчели, ако се многу слаби да се спојат и по можност старата матица да се замени со нова.
Мешинесто легло
Предизвикувач на оваа болест е вирус. Тоа е болест на затвореното легло. Пред затворањето на келијата, ларвата се заразува и набргу потоа угинува. Се препознава по тоа што поклопецот е благо пропаднат, а телото на мртвата ларва е полно со водликаво зрнеста течност.
Самата болест во нашиве краеви се јавува доста ретко и лесно се лекува. Се применуваат истите методи како и кај европската трулеж.
Парализа на пчелите
Ова е вирусна, заразна болест на возрасните пчели. Ова болест се појавува кога во природата има големи количини на нектар, меѓутоа многу малку полен. Друг факотор кој влијае за појава на болеста е големата жештина во кошницата, слабата вентилација и недостатокот на вода за пчелите. Затоа оваа болест најчесто се појавува во сушниот период од годината.Симтоми на болеста се слаби пчели со сјајноцрна боја и им отпаѓаат влакната од телото. Мерки кој треба да се превземат за санкционирање на оваа болест е да при обилната нектарна паша, на пчелите, им се обезбеди и довилно цветен полен или пак да им се додаде белковинска храна. Како превентива по можност во жешките летни денови кошниците да не бидат изложени на сонце, а летата да бидат широко отворени за да им се овозможи добра вентилација на пчелите. Истовремено на пчеларникот треба да се постават поилки и да им се овозможи доволни количини на вода на пчелите. Во последно време за сузбивање на оваа болест, добри резултати се постигнуваат со прихрана на пчелите со додаток на 1-2 грама на CuSO4*5H2O – бакар сулфат пентахидрат (модар камен), не еден литар шеќерен сируп.
Преладено легло
До ова доаѓа при поголем пад на температурата во пчелното гнездо, па како последица на тоа угинуваат ларвите и куклите. Ова се јавува најчесто во пролет и есен кога се можни и нагли заладувања. Поради надворешното заладување пчелите се стиснуваат во клубе и еден дел од леглото останува негреен, па е изложен на делување на ниските температури. Затоа ова заболување се појавува во крајните рамки, каде леглото угинува, додека леглото во средината на клубето е сосем нормално до преладување на леглото може да дојде и при инфекција со некоја болест (носематоза) или од труење со пестициди нагло угинува голем на пчели работнички, па останатите неможат и да го грејат и хранат целото легло.
Мртвите ларви прво почнуваат да жолтенеат, а потоа стануваат кафени до потполно црни. Угинатото легло нема мирис. А пчелите работнички ги исфрлаат од келиите мртвите ларви и потоа ги очистуваат келиите.
Ако се забележи вакво легло, потребно е да се сузбие пчелното легло, по можност да се затопли кошницата и по потреба да се прихранува друштвото со шеќерен сируп (1/1).
Варовно легло
Причинител на оваа болест е Ascosphera apis. Угинатата ларва на почетокот е бела и мека, а покасно станува светло жолта и згмечена. Потоа се стврднува и се претвора во мумија слична на варовник. Потоа пчелите ги исфрлаат мртвите ларви, што многу лесно се забележува.
Причинителот на оваа болест создава спори кој што се доста издрзливи. Во земја тие можат да опстанат и до 15 години, одкаде што со водата или пак со ветрот можат да стигнат до пчелното друштво.
Оваа болест може да се пренеси преку пчела, со префрлање на рамки од заразено во здраво друштво, со прихрана со заразен мед и полен, со пчеларскиот прибор и.т.н.
Доколку се работи за неколку рамки заболени тие се отстрануваат, а пчелното друштво се префрла во дезинфицирана кошница. Пчелното друштво се прихранува со шеќерен сируп (1/1) со додавање на антибиотици исто како и кај европската трулеж.
Камено легло
Нозематоза (диареа-пролив) кај пчелите
Нозематозата е болест на оргниите за варење кај пчелите и ги напаѓа возрасните пчели работнички, матиците и трутовите. Причинител на оваа болест е паразит-спора (nosema apis – најчесто и поретко nosema ceranae се разбира и други слични видови видови). Она што е посебно важно за еден пчелар. Спорите се многу отпорни, тоа придонесува до отежната борба против оваа болест.Патиштата за заразата и кај оваа болест се преку устата, кога пчелата ќе употреби за овоја исхрана заразен мед или вода. Кога спорите ќе стасаат во вистинскиот желудник на пчелата, тие веднаш почнуваат да се развиваат. Штотуку ослободените – изртените паразити тука отпрвин се размножуваат. Потоа навлегуваат во ќелијките на ткивото на желудникот. Овој паразит има способност за брзо размножување (и веднаш да создава нови спори). Со брзото и интензивно размножување го разорува ткивото на желудникот кај возрасната пчела.Најотпасното и најподмолиото кај оваа болест е што нејзината појава не се открива веднаш, а за тоа време пчелите можат да боледуваат. Чести се случаите кога заразените пчелни семејства добро се развиваат дури и даваат вишоци на мед. Покрај тоа има примери на тешки форми на болеста при што пчелните семејства нагло слабеат, а често пчелните семејства изгинуваат. Врз развитокот на оваа болест имаат влијание мнгу фактори меѓу кои: годишното време, поднебјето, пчелната паша, (положбата на улиштето, влагата во улиштето и што уште не… Меѓу поважните знаци (симптоми) за оваа болест се вбројуваат следаиве: неочекувано и масовно необјасниво слабеење на пчелните семејства; рамките, сотовите и внатрешноста на улиштето се покриени со измет од пчелите; на летото на улиштето има масовно изгинати возрасни пчели; кај всерасните и живи пчели стомачето е необично надуено, а ако се притисне тогаш како од шприц ќе истече млаз од тенок измет; ако таква жива пчела зафатиме од кај осилото и го истргнеме со пинцета црвениот канал, ќе видиме дека вистинскиот желудник е бел како млеко, а кај здрава пчела тој е црвеникав; белата боја на желудникот кај пчелата е поради преголемиот број спори кои се натрупани тука; најсигурна дијагаоза е ако се изврши миокроскопски преглед на изметот, содржината на желудникот кај угинатите или сомнителни пчели.
Терапија на пчелите се состои со додавање на лекарства во претходно подготвениот шеќерен сируп, или во погачите. Засега како најдобри терапевтски средства против нозематозата се покажале ФУМАГИЛИНОТ и НОЗЕМАТИКОТ. На опаковката на овие лековити средства е напишано упатството за нивната употреба при лечењето на пчелите.
Меѓутоа и како превентивно делување се практикува да во пролетните и есенските шеќерни погачи се додава и истолчен бел лук. Овој третман го смалува ризикот од појава на било која болест, а воедно и ја одбегнуваме опасноста да самите спори од ноземоза бидат, често и без потреба, изложувани на лекарства , а со тоа и да ја стекнат отпорноста од нив.
Вароатоза (крлеж) кај пчелите
Во последно време во пчеларската пракса се помасовна е појавата на паразитот ВАРОА или попознат како КРЛЕЖ кај пчелите.Кај крлежот постојат машки и женски индивидуи. По боја се темнокафеави, телото им е покриено со танки влакенца и има четири чифта нозе, за разлика од вошката која има три чифта иозе. Паразитот исклучителио се храии со пчелната хемолимфа (крвта). Женките кон крајот на летото масовно згинуваат. Остануваат најмладите и тие што се изведени кон крајот на есента. Пролетните генерации на женките индивидуи на крлежот живеат 2 до 3 месеци, а генерациите кои се изведени наесен живеат 6 до 8 месеци. Женките на крлежот полагаат јајца. За 2 до 3 дена од јајцата се развииваат ларви. Временскиот интервал на развитокот на паразитот од јајце до возрасен паразит кај женките трае 8 до 9 дена, а кај мажјаците 6 до 7 дена. По иведувањето женките и мажјаците се парат. Откога женката ќе ја оплодат, мажјаците згинуваат, а женките продолжуваат да живеат врз телото на пчелата (така прикачени на грбот од пчелата се лесно воочливи). Наесен кога матицата ќе престане да полага јајца, жанките се задржуваат на телото на матиците и пчелите работнички и ја цицаат нивната крв. Ако на една ларва од трут или пчела работничка има 1 до 2 паразита, тогаш не се појавуваат видни промени; додака ако ги има 5 до 20, тогаш изведените трутови и пчели работнички не се способнн за нормалан живот.
Во светската и нашата пчеларска пракса и литература се сраќаваат различни методи на борба против овој најопасан паразит.
Биолошка метода, која се препорачува само за поискусни пчелари, но е најпогодна поради неупотребата на хемикалии. Се состои во тоа да намерно се предизвика зголемување на трутовското легло, па кога вароата ќе нанесе јајца тоа да се уништи(отстрани).
Меѓутоа за најдобри резултати се препорачува хемиската метода. Таа се состои со чадење или поставување на “стапчиња“ во кошницата. Окулу имината на препаратите нема да се задржувам, можете да ги набавите скоро во секоја ветеринарна аптека. Она што е посебно важно е дека тие се употребуваат строго во пролет и есен, кога во кошницата нема собран нектар кој би се загадил, третманот се состои од 2 до 3 пати годишно и тоа скоро задолжително, затоа што вароата лесно се шири, а нападнатото друштво може лесно да побегни во есен или битно да заслабни во текот на годината и да угине во зима. И како најбитно да се менуват средствата со кои третираме, зошто подолговремениот третман со едно исто средство предизвикува отпорност на вароата кон таа хемикалија.
напишал: А. Тренчески